Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одлична вест за Вардар: Се врати Блажевски и подготвен е да тресе!
Одлична вест за Вардар: Се врати Блажевски и подготвен е да тресе!

Одлична вест за Вардар: Се врати Блажевски и подготвен е да тресе!

Вардар од Кратово со себе понесе две одлични вести. Првата е дека нашиот тим лесно и убедливо дојде до трите бода и се врати на победничките патеки, а втората е дека конечно во тимот се врати најдобриот стрелец од минатата сезона, Дејан Блажевски. Популарниот Шиле доаѓа како мега засилување во ростерот на Седлоски пред двете жешки гостувања на Чаир и во Тетово. Блажевски по своето враќање даде интервју за официјалниот сајт на клубот. Ви го пренесуваме истото:

„Убаво е повторно да се биде на теренот, да се игра за Вардар. После точно шест месеци се враќам, и денешниот натпревар за мене беше еден посебен момент. Минав низ еден тежок период, но благодарение на тренерот Гоце Седлоски и на кондицискиот тренер Михајло Костиќ еве ме повторно на терените после паузата. Исто така благодарност и до моите соиграчи и сите во Вардар за поддршката во моментите кога се рехабилитирав. Сега ногата е супер, не чувствувам никакви проблеми, потребни ми се натпревари за да се вратам во форма и се надевам дека ќе добивам повеќе шанса во следните мечеви“, изјави Блажевски.

„После двете нерешени средби, ни беше потребен триумф и дојдовме до него. Мислам дека остваривме заслужена победа во Кратово, и сега се надевам дека ќе фатиме една победничка серија која ќе трае долго“, рече Блажевски.