Свој натпревар вчера имаа пионерките на Жрк Вардар. На гостувањето во Куманово, против истоимената екипа забележаа минимален пораз од само еден гол разлика. Иако имаа предност, сепак на крај среќата не беше на нивна страна. Конечниот резултат гласеше 16:15.
-Иако ова ни е трет последователен пораз во овој дел од сезоната, ние се подобруваме од натпревар во натпревар. Овој пораз пред се е лекција за секој од нас, лекција од која треба да научиме и уште помотивирано да влеземе во следниот натпревар. Иако многумина од нас мислат дека судиите не пресекоа неколку пати, веројатно поразот се должи на нашето неискуство, ова ни е прво учество во вакви натпреварувања.
Најдобри поединки беа Марија Ивановска и Бојана Диневска со по пет погодоци.
Ова беше можеби и најдобриот натпревар кој сум го одиграла, заедно со мојата соиграчка Диневска, постигнаме по пет погодоци, сепак тоа не помогна да стигнеме до победа, ни изјави Марија Ивановска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски