Вкупно петнаесет црвено-црни девојки се дел од националните женски сениорски селекции за ЕХФ неделата. Од првиот тим ЖРК Вардар се повикани шест, а од екипата на младите вардарки Вардар СЦЈС се повикани девет девојки од селекторот на Македонија и тренер на тој вардароц колектив Симе Симовски.
Симовски од првиот тим ја повика крилото на Вардар младата Сара Ристовска, а пак од тимот кој го предводи во Суперлигата за селекцијата ги повика следниве девет девојки -види. Според планот за оваа ЕХФ неделата нашата женска репрезентацијата својот прв собир ќе го има во главниот град на земјава , Скопје. Потоа ќе замине за Црна Гора каде е предвидено да одигра два контролни натпревари. Покрај за домашната селекција заминати се : Камила Херем – Норвешка, Тамара Мавсар и Барбара Лазовиќ – Словенија, Андреа Пенезиќ и Андреа Човиќ – Хрватска.
Покрај нив покани добиле и Амандин Лејно и Александра Лакрабер за француска репрезентација, сепак клубот побара да бидат ослободени за да може подобро да се вклопат во екипата, што беше одобрено од „триколорите”. Овие девојки во ростерот се приклучија подоцна бидејќи настапува на Олимпијадата во Рио-Бразил. Преостанатите девојки вчера и денес во Скопје ќе одиграат и две “контролки “ со екипата на ПАОК од Грција, тие мечеви ќе бидат од затворен тим.