Денес кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа првиот натпревар од осминафиналето на националниот куп. На теренот во населбата Пржино бевме минимално поразени од екипата на Шкупи. Конечниот резултат гласеше 2:1. Стрелец на единствениот погодок беше за Вардар беше Марко Ѓорѓиевски.
Во составот на кадетите настапија и двајца играчи од редовите на пионерите. Се работи за Јакуп Бериша и стрелецот на голот Марко Ѓорѓиевски. Одлично го започнавме натпреварот и веќе во петтата минута поведовме со голот на Ѓорѓиевски. До крајот на првото полувреме, односно во 39 минута екипата на Шкупи успева да го израмни резултатот на 1:1, со што се замина на полувреме.
Израмнета игра во вториот дел, двете екипи имаа неколку шанси за постигнување гол, но екипата од Чаир реализираше една. Во 52 минута Шкупи ја тресе нашата мрежа за водство од 2:1. Следува и реванш натпревар, по што ќе биде познат патникот во следната рунда од купот. Ние обезбедивме активен резултат што ни дава големи шанси на домашниот меч во реваншот да идеме понатака.
Тренерот Влатко Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Зибери, Џуклески, Малески, Серафимов, Наскоски, Бериша Спироски, Кировски, Ѓорѓиевски, Петревски и Трајчевски.
Во игра влегоа уште и: Скендерески, Петрески, Стоименов и Тодоров.