Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до втората последователна победа во лигата, откако денес беа подобри од екипата на Шкупи.
Првото полиувреме помина израмнето и во првите десет минути се играше гол за гол на двете страни, се до моментот кога за прв пат Вардарци имаа предност од два гола разлика. Избраниците на Будимир во три наврати го имаа ова водство (5:7 ; 6:8 и 7:9), но при крајот на првото полувреме домашниот тим успева повторно да го израмни резултатот на 9:9. Сепак по првиот дел Вардар има минимално водство од 9:10.
Добра почна второто полувреме за младите Вардарци кои покажаа дека квалитетот е на нивна страна, па со серија од четири последователни голови успеваме да поведеме со највисоки 9:14. Ова беше решавачкиот чекор за конечниот триумф на Вардар. Во овој дел од играта целосно ја превзедовме контролата на играта, како во напад така и во одбрана. Технички бевме многу подобри со прецизен пренос на топки и кации. Оваа разлика ја одржувавме речиси до крајот на мечот и сосема заслужено побдивме. Сепак имавме тешко гостување, се работи за екипа која за прв пат се натпреварува во лига, но воопшто не е за потценување. Конечниот резултат гласеше 18:24.
Најефикасен во нашите редови беше Грујовски со 5 гола. Чакалиќ и Савревски беа стрелци на 4 погодоци.