Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС забележа нова победа во супер лигата, откако на домашен терен беше подобра од екипата на Прилеп. Гостинскиот тим немаше ниедно водство, целиот меч помина во доминација на младите Вардарки, кои на крај остварија убедлив триумф (32:24). Најефикасна ракометарка во нашиот состав беше Марија Прленда со 8 погодоци.
Погледнете ја нашата фотогалерија од овој натпревар.