На фудбалските терени на Фудбалската федерација на Македонија денес се одигра новото четврто коло кај генерацијата родени 2004 година и помали во детската лига. Денес на програмата беа два меча за оваа генерација против екипата на ФК Шкендија Арачиново и екипата на ФК Работнички. Во двата меча однесовме победи со висок резултат.
Избраниците на Ане Андовски момците од екипата ФК Вардар (1) се сретнаа со тимот на ФК Шкендија од скопското село Арачиново. Во овој дуел нашите момци ја наполнија мрежата на арачиновци со единаесет погодоци. Првиот дел тргнавме со три последователни погодоци на Матео Софијаноски кој стрелаше за 3-0. Првиот дел целосно припадна на црвено-црните до крајот на првите 30 минути погодија за нас, најпрво Теодор Перковски за водство од 4:0, а потоа и Исмет Хајдари за предност од 5:0, а пак момчињата од Арачиново успеаа да постигнат почесен погодок на овој меч кој ќе се покаже како последен за нив.
Во вториот дел повторно Матео Софијаноски отвара со погодок за 6-1. Никола Павлески потоа следен стрела, а веднаш по него повторно Матео Софијаноски повторно стапува на сцена за резултат 8-1. Сандро Каровски е следен кој стапува на сцена во продолжение со два последователни погодока тој успева да зголеми на 10-1 . До крајот Матео Софијаноски повторно погодува во овој меч во кој е најдобар поединиец на теренот, тој стрела за 11-1.
Во вториот меч ФК Вардар (2) се сретна во градското дерби со ФК Работнички. Овој дуел го добивме со 9-1 , истиот го решивме уште во првиот дел со “петарда“ во мрежата на Романтичарите. Прв стрелаше Марко Софијаноски кој го отвори мечот, веднаш потоа Огнен Здравковски зголеми на 2-0. Ние домониравме целосно во продолжение Горазд Попов зголеми на 3-0. На сцена стапува Георг Стојановски кој погодува два пати за 5-0 со кој резултат се иде на одмор.
Вториот дел тргна исто така фуриозно стрелавме постојано погодувавме гол за гол. Георг Стојановски стрела успешно уште два пати. Гостите само еднаш погодија во вториот дел. Постојано бевме опасни до крајот на дуелот, Марко Софијаноски успева да погоди уште двапати до крајот со што мечот заврши 9-1.