Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Извиѓач како загревање за Вардарци за неделниот натпревар од лигата на шампиони
Извиѓач како загревање за Вардарци за неделниот натпревар од лигата на шампиони

Извиѓач како загревање за Вардарци за неделниот натпревар од лигата на шампиони

Нашиот ракометен шампион по двенеделна пауза се враќа на настапите во лигата на шампиони. Вечерва со почеток од 20:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански ќе гостува екипата на Извиѓач од Босна. Ова би требало да биде само еден полесен тренинг и загревање за црвено-црните пред натпреварот од лигата на шампиони против екипата на Пик Сегед.

Денешниот противник е релативно млад состав, кој по неколку години конечно ја прекина доминацијата на Борац Бања Лука во домашното првенство. Во досегашните пет одиграни натпревари во сеха лигата имаат исто толку порази и сеуште се без бодови во ова натпреварување. Сепак се работи за расадник на млади талентирани играчи, од тука произлегле неколку ракометари кои во моментов имаат важна улога во силните европски екипи, како на пример Мирко Алиловиќ и Денис Бунтиќ. Интересно е тоа што во сезоната 2011/12 во втората рунда од ЕХФ купот се сретнаа токму Вардар и Извиѓач. Тогаш поуспешни беа Босанците, кои не елиминираа во двомечот за само еден гол разлика. Сега ситуацијата е многу поинаква и поизменета. Вардар против било кој противник и во кое натпреварување пред својата публика е фаворит и се освен триумф изразен со голема разлика ќе претставува изненадување.

Црвено-црните се наоѓаат на лидерското место во сеха-лигата со шест победи и само еден нерешен резултат. Се очекува да играме со половина сили и да се чуваме за оној поважен натпревар кој треба да се одигра во недела впротив вицешампионот на Унгарија во ЛШ. Целата екипа му е на располагање на тренерот Гонзалес, кој треба да одлучи со каков состав ќе излезе на денешниот меч и како ќе биде поделена минутажата на играчите.

Картите за овој натпревар се веќе во продажба и можат да се набават до самиот почеток на вечерниот натпревар. Истите чинат само 50 денари.