Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Игор Кралевски: Условите за работа во Академијата се фантастични, кои се реткост на овие простори, не само во Македонија туку и на целиот балкан. Со вакви бази и центар можат да се пофалат само големите европски екипи
Игор Кралевски: Условите за работа во Академијата се фантастични, кои се реткост на овие простори, не само во Македонија туку и на целиот балкан. Со вакви бази и центар можат да се пофалат само големите европски екипи

Игор Кралевски: Условите за работа во Академијата се фантастични, кои се реткост на овие простори, не само во Македонија туку и на целиот балкан. Со вакви бази и центар можат да се пофалат само големите европски екипи

Фудбалскиот клуб на Вардар рсполага со еден од најсовремените и најмодерните спортски објекти не само во Македонија туку и пошироко на Балканот. Новата академија која е наменета за тренинг и работа пред се за младинските категории на клубот располага со одлични услови, која е изработена по највисоки стандарди. Сите услови кои се потребни за беспрекорно функционирање и развивање на децата во подобри играчи, ги поседува токму новата академија која се наоѓа во градскиот парк.

vardarfans-akademija

Истата располага со:

  • Фудбалско игралиште со вештачка трева, на површина 8700m² и димензии од 130 метри во должина и 65 во ширина. Теренот исто така е осветлен со рефлектори, што на нашите младинци ќе им овозможи по потреба да тренираат и во вечерните часови.
  • Четири соблекувални за фудбалерите и две за тренерите со површина од 50m², опремени со централна вентилација и подно греење.
  • Предавална за теоретска и спортска настава, со површина од 70m² и капацитет за 30 лица.
  • Канцеларии за администрацијата
  • Економат
  • Технички и помошни простории.

Еден од тренерите кој работи во младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар е Игор Кралевски, кој дел од својата кариера има поминато во екипата на Хајдук и Луч Енергија во Русија. Тој оваа сезона ја има можноста да ги тренира децата, кои се родени “2005“ година, со кои се натпреварува во детската лига. Кралевски го потенцира големото значење на една ваква академија и условите во кои работат младинските екипи на најголемиот клуб во земјава.

-Со новата академија, Вардар постави нови стандарди. Клубот се издигна на највисоко можно ниво, каде останатите клубови не се ни приближно од него. Академијата нуди можности за секој млад и талентиран играч да се надоградува во секој сегмент на фудбалската игра. Високите стандарди што ги постави академијата претставуваат голем предизвик за нас тренерите да работиме во интерес на децата и еден ден фудбалскиот клуб Вардар да се гордее со играчи кои потекнуваат од својата школа. Условите за работа се фантастични, кои се реткост на овие простори, не само во Македонија туку и на целиот балкан. Со вакви бази центар можат да се пофалат само големите европски екипи. 

vardarfans-objekti

Во моментов во фудбалскиот клуб Вардар тренираат повеќе од 450 деца. Како што вели тренерот Кралевски интересот кај младите да бидат дел од клубот е се поголем.

-Самата бројка на нови деца кои тренираат во Вардар кажува само по себе дека интересот кај децата е многу голем да тренираат во најтрофејниот клуб во Македонија. Како поминува времето овој број се повеќе ќе се зголемува.

vardarfans

Вардар е сигурно единствен клуб во Македонија, каде младинските категории имаат можност да тренираат во вечерен термин, што секако е посебно задоволство.

-Поголем дел од тренинзите со мојата генерација, дечиња родени “2005 “година ми се во вечерен термин, што е реткост на овие простори. Тренирање под рефлектори има посебен филинг и со тоа желбата за работа е многу поголема.

Летово клубот вршеше уписи на нови деца кои сакаат да бидат дел од големото црвено-црно семејство. Околи 250 нови дечиња започнаа од 1-ви септември да тренираат во Вардар, под контрола на тренерите кои во моментов се дел од младинските категории на ФК Вардар.

-Клубот има стратегија за новоприклучените деца, која во целост се спроведува и е во тек. Вардар е спортски бренд во Македонија и тука треба да тренираат и играат само квалитетнни деца, кои се талентирани за фудбал, деца кои сакаат да се трудат, работат и еден ден да станат врвни играчи, изјави Игор Кралевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски