Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втората сезона во ракометната Вардар јуниор лига започнува на 22 октомври, ќе се игра во неколку градови

Втората сезона во ракометната Вардар јуниор лига започнува на 22 октомври, ќе се игра во неколку градови

Наскоро стартува долго очекуваната втора сезона од масовниот проект на црвено-црниот ракометен колектив ракометната Вардар јуниор лигата. Таа ќе  стартува во втората сезона со поголем број на членови, за првпат ќе се игра во повеќе градови. Во неа   ќе има четири различни старосни категории во машка и во женска конкуренција, годинава го лигата децата ќе се натпреваруваат во категориите 2006/09, 2004/05, 2002/03 и 2000/01 во машка и женска категорија.

vardarfans junior

Мечевите во ракометната  Вардар Јуниор лигата почнуваат следната недела, односно, првите натпревари се играат викендот 22 – 23 октомври. Во оваа сезона лигата ќе се игра и надвор од главниот град Скопје каде во првата сезона се играа сите мечеви и завршните турнири. Според планот градови – домаќини ќе бидат Прилеп, Кавадарци, Велес, Кичево, Гостивар. Бројот на децата кои тренираат во Ракометната академија, од нејзиното формирање во континуитет се зголемува, и сега има околу 1500 деца од различна возраст. Од нив во Вардар Јуниор лигата сега ќе се натпреваруваат 650 деца, што покажува дека во однос на минатата година значително е зголемен и бројот на децата кои учествуваат во Лигата.