Денес во Тетово се одигра првиот меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија во пионерска конкуренција. Вардаровите пионери, избраниците на Сашо Тодоровски гостуваа кај екипата на Шкендија. Тие извадија одличен резулат за реваншот во Скопје, одиграа 1-1 во овој дуел. Тренерот на црвено-црните се одлучи за следниве стартери: Велковски , Спасиќ, Антовски, Пешевски, Ѓорѓиески , Стојчевски, Дарлишта, Али, Стојановски, Бериша, Битиќи.
Во првото полувреме се играше резервирано со обиди на двете екипи да постигнат почесен погодок. Домаќините успеаа во финишот на првиот дел да поведат минимално со 1-0 , тие погодија во 44 минута од дуелот. Со овој резулат 1-0 се замина на одмор. Во вториот дел вардаровите пионери кои воедно ја бранат титулата во купот од минатата сезона тргнаа да остварат поволен резултат пред скопскиот реванш. Имавме неколку шанси за да постигнеме гол сепак не успеавме да изедначиме, домашните се обидуваа да поведат со 2-0 сепак нашиот голман Велковски и одбраната беа на ниво во вториот дел.
Голот за изедначување конечно дојде во 76 минута од дуелот, стрелец беше нашиот напаѓач и македонски репрезентативец Саид Битиќи. До крајот немаше погодоци па со овој гол на Битиќи за 1-1 се заврши овој куп осминфинален дуел. За нас ова е одличен резултат пред реваншот дома во кој ќе имаме подобра “стартна позиција“ од тетовските црвено-црни.
Денес играа уште :Калчиновски, Ристовски, Рамиќ и Филипоски кои добија прилика да настапат од клупата.