Кадетките на Вардар стигнаа до својата трета победа во лигата, откако вчера на домашен терен беа подобри од екипата на РК Велкова. Натпреварот се одигра во спортскиот рекреативен центар Кале и заврши со триумф на Вардар со резултат 26:21.
Мечот започна со гол за тимот на РК велкова, но во следните пет минути следиме серија на црвено-црните од 7:1. за веќе да се одлепиме на предност од 7:2. Гостинската екипа врати со два погодоци и за момент ја намали предноста на нашиот состав. Во средината на првото полувреме, избраничките на Ристова и Црвенковска имаа водство од 10:5 и ги вратија оние највисоки пет голови разлика. Сепак во следниот период следи пад во нашата игра и неколку грешки, што им овозможува на гостинскот тим со серија од 1:5 да стигнат до само еден гол негатива или 11:10. Вардар повторно успева да се одлепи од противникот, но само за кратко, бидејќи последните три погодоци во првиот дел им припаднаа на РК Велкова, за на полувреме да се замине со нерешен резултат од 14:14.
Во првите десет минути од второто полувреме се играше гол на гол на двете страни, иако Вардарки беа во псотојана предност, сепак таа не беше поголема од еден гол разлика. При резултат 19:19, црвено-црните успеваат со три последователни голови да се одлепат резултатски и полека да го најават триумфот на овој меч. Овој момент како да беше пресуден за конечниот победник. Иако РК велкова не се предаде така лесно, повторно стига до само еден гол негатива и го донесува мечот во неизвесност. Сепак екипата на Вардар покажа дека е поквалитетен противник и со четири гола во серија го завршува мечот со победа. Резултатот конечен гласеше 26:21.
Најфикасна во нашиот состав беше Ѓорѓиевска со 8 погодоци, додека Петковска постигна 5.
ВАРДАР: Трајковска, Гроздановска 2 , Арсова, Дамјановска , Крстевска, Гонзалез, Ѓоргиевска 8 , Донева 1 , Петковска 5 , Станчева, Насковска, Костовиќ 3 , Миновска 2 , Коларовска , Јаковчевска, Талевска, Седлоска 5. .