Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ангела Карчева: Задоволна сум од мојата екипа, бидејки се боревме до последна секунда и покажавме дека знаеме и можеме
Ангела Карчева: Задоволна сум од мојата екипа, бидејки се боревме до последна секунда и покажавме дека знаеме и можеме

Ангела Карчева: Задоволна сум од мојата екипа, бидејки се боревме до последна секунда и покажавме дека знаеме и можеме

Младинките на ракометниот клуб Вардар со нерешен резултат ја започнаа новата сезона во лигата. Противник во првото коло ни беше најголемиот конкурент за освојување на првото место, екипата на Металург. Овој меч се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда и заврши со поделба на бодовите. Иако во поголем дел од мечот, домашниот тим имаше водство, сепак Вардар успеваше секогаш да се врати резултатски и да го израмнува резултатот. Така беше и во последните три минути, кога при водство на Металург од 23:20, избраничките на Платон успеаа да постигнат три гола во серија и да го изедначат резултатот. Стрелец на еден од тие важни голови беше Ангела Карчева, која за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој прв воведен меч во новата натпреварувачка сезона.

-Ова ни беше прв натпревар од лигата кој воедно ни беше и еден од најбитните во лигата. Одигравме прилично добар натпревар во кој и од двете страни имаше многу технички грешки. Задоволна сум од мојата екипа, бидејки се боревме се до последна секунда и покажавме дека знаеме и можеме. Можеме многу да научиме и да се надградуваме со вакви дерби натпревари. Ние како нова екипа со многу нови играчи добро се вклопивме и со многу работа се надевам дека оваа сезона ке оставиме одличен впечаток. Ќе работиме се повеќе со цел да се подобруваме и да се уигруваме, изјави Ангела Карчева за нашиот сајт.

Звонко Ивановски