Следниов викенд на програмата е новото шестто коло во женската ракометна Супер лига. Во единствената женска сениорска конкуренција нашиот втор сениорски тим ЖРК Вардар СЦЈС ќе биде домаќин во ова коло. Ние ја пречекуваме екипата суперлигашкиот “фенерџијата“ тимот на ЖРК Гевгелија.
Мечот со гевгеличани избраничките на Симе Симовски ќе го одиграат во сабота на 22-ри октомври. Дуелот ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ со почеток во 12 часот и 30 минути. Тимот на ЖРК Гевгелија досега има одиграно четири мечеви и во сите е поразен со што заслужено ја има последната, седма позиција на табелата во шампионатот. Ние сме во серија од четири последователни победи по поразот во првото коло, во сабота ќе имаме лесна задача да дојдеме до петтата победа бидејќи квалитетот е на страната на младите вардарки. Девојките на Симовски се лидери во моментот со 12 бода колку што има и екипата на ЖРК Куманово која има единствено пораз од Вардар СЦЈС на домашен терен во Куманово со резултат 28-33. Во следното коло, кое се игра недела потоа е најважниот дуел за нас. Домаќинки сме во нашиот храм “Јане Сандански“ на единствениот ривал за врвот ЖРК Металург на кој треба да му нанесем пораз од над еден гол разлика бидејќи во првото коло тие не добија минимално со гол предност.