Денеска на теренот на фудбалската Академија на ФК Вардар се одигра скопското дерби во пионерска конкуренција помеѓу екипите на ФК Вардар и Металург. Црвено – црните пионери иако ослабнати поради отстуството на тројца првотимци, сепак, дојдоа до нов триумф во лигата. Однесоа победа со резултат 2:1 (2:0). Сашо Тодоровски настапи со следниот состав: Денковски, Рамиќ, Спасиќ, Ѓорѓиески А, Стојчевски, Дарлишта, Адем, Бериша, Благојевиќ, Калчиновски и Пешевски. Играа уште: Богдановски, Филиповски, Рајатовски, Стојаноски, Ристевски и Каркалишев – Трајановски.
Вардаровите пионери тргнаа офанзивно, првата прилика ја имаше Јакуп Бериша кој не успеа да ја искористи. Металург потоа се закани преку слободен удар но на место беше Денковски. Се играше 11 минута по еден прекршок судијата Мишковски досуди пенал за Вардар. Александар Ѓорѓиевски одчино го изведе казнениот удар, го прати голманот на десната, а он погоди на левата страна. Вардаровите момци потоа беа во постојана офанзива, две шанси имаше Благојевиќ Милан, сепак, одбраната и голманот на Металург Серафимов беа по умешни. Потоа Бериша се обиде во продолжение но неговиот удар заврши крај голот. Во казнениот простор потоа топка доби Благојевиќ кој се ослободи од противниците и силно шутира со левата нога за 2:0. До крај на првиот дел за одбележување е уште една прлика на гостите од слободен удар, кој успешно во корнер ја исфрли Давид Денковски. Со резултат 2:0 се замина на одмор.
Вториот започна со офанзива на нашите момци, првата прилика ја пропушти Бериша кој неговиот удар заврши крај голот. Две минути подоцна истиот играч се обиде уште еднаш , но неговиот удар заврши за малку крај гредата. Постојано во продолжение се редеа шанси пред голот на Металург. Следен кој се обиде беше Стојчевски Марко. Тој во првиот обид од дваесе метри го префли голот, а со глава биеше во голманот. Денковски бранеше одлично во вторито дел, одлично интервенираше на две контри, и пресече неколку топки надвор од казнениот шеснаесетник. Благоевиќ потоа беше во прилика го исфрли противничкиот голман, упати удар, но, одбрамбениот играч Рушити со глава ја одби топката во корнер. Нова прилика за Вардар преку Калчиновски Анел кој упати удар од 20-сетина метри но гостинскиот голман умешно прифати. На пет минути до крајот, гостите преку Божиновски Антонио погодија за 2:1 преку брз контра напад. Избраниците на Тодоровски рутинирано ги одиграа последните минути и забележаа нов триумф.