Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Страхиња Милиќ: Ја чекаме само публиката да не понесе и да биде наш осми играч

Страхиња Милиќ: Ја чекаме само публиката да не понесе и да биде наш осми играч

strahinja-milikj-199

Уште само неколку дена до големиот и решавачкиот натпревар за пласман во 1/4 на Рк Вардар против екипата на Висла Плоцк. Црвено-црните напорно се подготвуваат за овој предизвик, со надеж дека ќе ги стигнат оние шест гола од Плоцк.

Не чека тежок натпревар, имаме минус шест гола од Висла. Ќе се бориме во сабота со сите сили, се што имаме ќе дадеме од себе. Немавме среќа во Полска, имавме лош ден. На овој натпревар ќе ги изнесеме сите карти со кои располагаме. Тоа што не красеше оваа сезона се добрата одбрана, брзата реализација на контра и полуконтра, тоа се ќе го одработиме.  Ќе ја играме нашата игра. Поквалитетни сме од Висла, само на хартија. Тоа мора да го докажеме и на терен.

Милиќ ги повикува Комити и навивачите да дојдат во голем број и да ги бодрат кон нов успех.

-Секако очекувам да дојдат Комити и сите Вардарови навивачи во поголем број, и да ни помогнат да оствариме резултат кој го посакуваме. Ќе ја играме нашата игра. Ја чекаме само публиката да не понесе и да биде наш осми играч, изјави Милиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски