Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Деветта последователна победа за Вардар во СЕХА-лигата
Деветта последователна победа за Вардар во СЕХА-лигата

Деветта последователна победа за Вардар во СЕХА-лигата

Нашиот ракометен шампион продолжува со добрите игри во сеха-лигата. Денес избраниците на Раул Гонзалес стигнаа до својата деветта последователна победа во ова натпреварување.

Одлично го започнавме овој натпревар и со головите на Македа и Карачиќ стигнавме до водство од 0:2. Сепак во продолжение од мечот, домашната екипа најпрво успева да го израмни резултатот на 3:3, додека во 8 минута да стигне и до предност од 5:4. Следуваат два погодоци на Тимур Дибиров за да имаме ново израмнување на натпреварот од 6:6. Екипата на Татран во овој дел од натпреварот пружа силен отпор и успева со два гола во серија да зголеми за прв пат на два гола разлика 8:6. Вардарци не дозволуваат противникот да се одлепи и враќаме на поубедлив начин со серија од 0:3 за повторно да ја вратиме предноста во наша корист од 8:9. Од тие моменти не дозволивме да го испуштиме водството и го контролиравме резултатот. Македа денес беше одличен и со нов гол зголемува на 11:13, додека со погодокот на Дибиров за прв пат на натпреварот имаме предност од 12:15. Оваа предност успеваме да ја зачуваме до крајот на првиот дел и на одмор да заминеме со водство од 15:17. Петар Ангелов денес беше одличен на голот забележувајќи голем број на успешни интервенции.

Одлично го стартувавме вториот дел, каде успеваме да постигнеме три гола во серија и да зголемиме на највисоки 15:20. Полека но сигурно започнуваме да го “кршиме“ отпорот на Татран и со погодоците на крилата Чупиќ и Дибиров да имаме предност од 17:24. Сепак Татран не дозволуваше предвреме да биде решен победникот, па се обидуваше да ја смали негативата. На 17 минути пред крајот домашниот тим успева да намали на 23:27. На голот застанува и младиот Даниел Ѓорѓески кој стигнува до својата прва одбрана. Татран немаше сили да се врати во натпреварот, а црвено-црните умешно ја одржуваа стекнатата предност. Конечниот резултат гласеше 29:35  за нова победа на Вардарци во сеха-лигата. Во игра влегоа младиот Поповски, како и Вујачиќ.

Најефикасен во нашиот состав беше Дибиров со 8 голови, додека Македа постигна 7.

РК ВАРДАР: Поповски 1, Милиќ, Фереира 2, Македа 7, Ѓорѓески, Деревен 4, Карачиќ 3, Абутовиќ, Кањелас 4, Димитровски, Циндриќ 2, Ангелов, Чупиќ 3, Дибиров 8, Вујачиќ 1, Марсениќ.