Денеска на програмата е дванаесетото коло од првата македонска фудбалска лига. Главните случувања ќе бидат секако во Скопје и тоа на натпреварот на лутите ривали, тимовите на Вардар од Скопје и Победа од Прилеп. Денешниот дуел на овие два тима ќе биде дуел по пауза од 2008 година. Последен пат прилепчани ни гостуваа на 03.08.2008 година. На тој натпревар Вардар победи со убедливи 3:0.
Оваа сезона тимот на Победа се врати во првата лига. Прилепчани се наоѓаат на осмото место на првенствената табела со само десет освоени бодови. Победа е во серија од три натпревари без победа. Оваа сезона овие два тим ги одмерија силите еднаш и тоа во Битола, каде прилепчани беа домаќини. На тој натпревар нашите момци победија минимално со голот на Којашевиќ во 40 минута од средбата. Очекуваме серијата од победи да продолжи и денеска пред нашите гледачи.
Натпреварот ќе биде одигран под рефлектори од 17 часот и 30 минути. Овој натпревар треба да биде празник на фудбалот, бидејќи по подолго време на Градски ќе имаме две навивачки групи. Дојдете сите на стадион да навиваме и да ги бодриме нашите фудбалери. Билетите се по цена од 100 денари.