На вчерашниот натпревар Вардар – Победа, нашиот капитен Бобан Грнчаров прослави голем љубилеј. Вчерашната средба, беше 100-ти натпревар на популарниот Грне во “црвено – црните” бои. Грнчаров досега има одиграно 90 првенствени натпревари во дресот на Вардар, потоа четири натпревари во квалификациите за ЛШ, и шест меча има одиграно во Купот на Македонија. Инаку, Грне за Вардар дебитираше во далечната сезона 1999/2000.
Во овие 100 натпревари Грнчаров се има запишано десет пати во листата на стрелците. “Вардар Фанс” му го честита овој голем љубилеј на Грне, и му посакува уште многу натпревари и титули во дресот на Вардар во иднина.