Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките победија со Металург, а пионерките беа поразени од повозрасната екипа на Металург на турнир организиран од Опш. Г.Баба
Кадетките победија со Металург, а пионерките беа поразени од повозрасната екипа на Металург на турнир организиран од Опш. Г.Баба

Кадетките победија со Металург, а пионерките беа поразени од повозрасната екипа на Металург на турнир организиран од Опш. Г.Баба

Младите вардарови ракометарки  учествуваат на мини турнирот во организација на Општина Гази Баба, кој  се одржуваше вчера, а ќе се игра и  денес. Дуелите се играат во салата „Методија Андонов – Ченто” која се наоѓа  состав на училиштето Наум Наумовски Борче во Маџари. На овој турнирот учествуваат четири екипи Вардар СЦЈС 2000/01, Вардар 2002/03, Металург 2000/01 и Металург 2002/03.

Во дуелот на  Вардар СЦЈС 2000/01  со помладата екипата на Металург односно девојките од генерацијата 2002/03 избраничките на Платон и Кузмановска остварија триумф. Тие одиграа релативно лесен меч, во кој рано наметнаа темпо направија предност која ја одржуваа цел меч. Почетната предност во умна и стрплива игра ја одржувавме, не дававме противникот да се доближи и да ја загрози истата во текот на целиот меч. На полувреме отидовме со предност од 11-6, а конечниот триумф го остваривме со резултат 18-10. Неловска и Диневска беа наистакнати во нашиот табор кога во прашање беа погодоците. Денес во финалниот меч играме со екипата на Металург 2000/01 во 16-30 во истата сала.

pl

Помладата екипа на црвено-црните тимот предводен од Пецевска, Вардар 2002/03 се сретна со тежок и повозрасен противник екипата на Металург 2000/01. Нашите млади девојки се бореа во текот на целиот дуел, храбро и без компромис. Сепак предноста во возраста дојде до израз. Првиот дел сино-белите го добија со 11-6, во вториот дел ние не дадовме да ја зголемат предноста одигравме храбро и двата тима постигнаа по еднаков број голови девет. Металург 2002/03 победи со 20-15. Кај нас прв стрелец на овој дуел беше Седлоска Андреа која постигна речиси половина од головите односно седум. Денес оваа наша генерација игра со поразената екипа од другиот дуел односно со Металург 2002/03, мечот се игра со почеток во 15-30 минути во салата „Методија Андонов – Ченто”.