Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2007“ година одиграа пријателски натпревар со фудбалската школа Вардар-Ростов од Русија. Како што известивме изминативе денови гости на нашиот клуб се момчиња родени “2008“ и “2009“ година од школата Ростов од Русија.
Покрај запознавањето со академијата и дружењето, претстојот во Скопје го искористија и да одиграат неколку пријателски натпревари за Вардаровите генерации родени “2007“ и “2008“ година. Повозрасните играчи на Вардар од 2007 забележаа убедлива победа против Ростов, совладувајќи ги со резултат 6:0.
Одлична можност за дружење и запознавање со дечиња од други фудбалски земји. Во петок до почеток од 12 часот нов натпревар на ФК Вардар и Ростов, кај генерацијата родени “2008“ година, кои веќе еднаш одиграа со нерешен резултат.