Денеска на фудбалскиот терен на ФК Работнички се одигра ново коло во рамките на Детската фудбалска лига. Најмладата генерација на Вардар, геренацијата 2008 продолжува да реди само победи во ова натпреварување. Денеска младите момчиња на Неделковски го победија тимот на Њу Старс со резултат 7:1.
Уште по првиот дел нашите играчи го одлучија победникот на овој натпревар. По првите 20 минути нашите млади момчиња имаа предност со резултат 3:0. Во вториот дел нашите играчи успеаа да бидат уште по прецизни од првиот дел, и со плус четири голови во мрежата на Њу Старс да слават победа со резултат 7:1. Последниот гол беше дело на Илија Митаноски пред самиот крај на мечот. Јохан Зизајковски одлично изведе слободен удар, голманот ја одби топката која стигна до Митаноски кој стрелаше за конечни7:1.
Стрелци во нашиот тим денеска беа:
Ненад Дамјановски (4)
Коста Бошковски (2)
Илија Митаноски (1)