Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мисијата “Киелце“ стартува во среда, позната судиската двојка
Мисијата “Киелце“ стартува во среда, позната судиската двојка

Мисијата “Киелце“ стартува во среда, позната судиската двојка

Квалификациските мечеви на репрезентациите веќе се завршена приказна,  следно во фокусот е мечот на РК Вардар со шампионот на Европа, Киелце. Тој дуел  е мечот на неделата според  ЕХФ. Во среда, утре ќе се комплетира нашиот тим и ќе почне со тренинзи во комплетен состав за мечот од шампионската лига.

Лекарскиот билтен кај нас е поволен, немаме повредени и ситната поведа на Штербик веќе е минато, со што на располагање му се ставени на Раул Гонзалес сите ресурси за овој дуел. Европската ракометна федерација ја делегираше судиската двојка за ова дерби на колото. Таа доаѓа од Словачка, правдата ќе ја делат Михаел Бадура и Јарослав Онгогречула. Делегатот на дуелот доаѓа од Чешка, станува збор за Јари Конецнј.  Двата тима по пет одиграни кола се првопласирани со освоени 8 бода, тие имаат четир победи и еден пораз. Дуелот е закажан за сабота, 12.11.2016 со почеток во 17:30 часот во С.Ц “Јане Сандански“.