Младинките на ракометниот клуб Вардар очекувано забележаа победа во денешноот коло од младинската лига. Избраничките на Анжела Платон беа подобри од екипата на Кузман со резултат 17:31. Овој натпревар се одигра на Кале.
Уште од самиот старт се одлепивме со водство од 0:3. Екипата на Кузман успева да постигне два последователни голови и да намали на 2:3. Сепак од тие моменти следи неверојатна серија на Вардар од 0:9 за прва двоцифрена предност од 2:12. До крајот на првото полувреме, противникот успева да воспостави некаква резултатска рамнотежа и да намали на 7:14.
Вардарки и вториот дел го отвараат со погодок, Кузман успева да намали на шест гола негатива 9:15, но повторно следи серија на црвено-црните од пет последователни голови за убедливи 9:20. Како одминуваше натпреварот нашиот состав константно го зголемуваше водството за во еден момент да има предност од 10:23. Противникот во следните пет минути прави серија од 1:4 и го смалува резултатот на 14:24. Сепак во последните 15 минути, Вардар успева да постигне повеќе голови од Кузман, на две минути пред крај имаа високи 15:30.
Анастасија Нелоска и Сашка Филипоска постигнаа по 6 гола, додека Бојана Диневска беше стрелец на 5 погодоци.
Вардар СЦЈС: Стамова, Нелоска 6, Мицевска, Кицевска, Карчева 2, Трпевска, Георгиевска 4, Диневска 5, Станикевска, Блажевска, Тодоровска 4, Реџеп 2, Костадиновска, Цветковска 1, Филипоска 6, Ивановска.