Thursday ,09 February 2023
Последни:
Home > Uncategorized > ЈУНИОР ЛИГА-Карпош и Будимир победници во генер.2000/01 кај дамите
ЈУНИОР ЛИГА-Карпош и Будимир победници во генер.2000/01 кај дамите

ЈУНИОР ЛИГА-Карпош и Будимир победници во генер.2000/01 кај дамите

Во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во неговата мала и голема сала се одигра треттото коло во ракометната Вардар Јуниор Лига. Екипите на РК Карпош Вардар и РК Будимир Вардар излегоа како победници во натпреварите кај генерацијата родени 2000 и 2001 година  кај дамите.

u

Во првиот дуел  кој се играше во големата сала во С.Ц “Јане Сандански“ се сретнаа екипите на РК Карпош Вардар и РК Кузман Вардар, во овој дуел поуспешни беа девојките на РК Карпош со 17-11 во дуел кој го добија во вториот дел од мечот. Првиот дел  беше крајно израмнет без посебен период на двата тима. Карпош поведуваше трипати минимално на почетокот, со 1-0, 2-1 и 3-2, ама секогаш потоа девојките предводени до Александра Кузмановска изедначуваа. Тие првпат во водство дојдоа со гол за 3-4, потоа влегува во мини серија Карпош и поведува со 6-5 резултат со кој се оди на одмор.

u2

Први со гол вториот дел повторно го отвараат девојките на Карпош Вардар. Следува пад во играта на Кузман кој во вториот дел на почетокот не погодуваат. Со почетна серија 4-0 поведуваат 10-5 која е клучна за победникот. Потоа следува игра гол за гол, двата колектива постигнуваат по пет погодоци во двете мрежи за да се влезе во финишот со резултат 15-10. Докрајот на мечот се беше рутина,  Карпош победи со 17-11. Кај победниците најефикасни беа: Јакимовска А. 6 гола, Краљевска и Златановска со по 5 гола. Кај поразените Насковска Ангела имаше пет гола.

u4

Во вториот дуел кој се играше во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ се сретнаа Урдаревски Вардар и Будимир Вардар. На истиот триумфираше екипата на Будимир во еден драматичен финиш исполнет со многу интересни моменти. Првиот дел беше неефикасен крајно, Урдаревски поведе со 1-0, а пак Будимир изедначи на 1-1. Тој резултат беше на сила се до последната секунда кога Будимир постигна гол за 1-2.

urdar

Вториот дел беше далеку поефикасен од првиот дел со гол истиот го отворија девојките на Урдаревски. По тоа следуваше два гола на Будимир за прво водство до една екипа со два плус, тие поведоа со 2-4. Сепак Урдаревски успеа да изедначат на 5-5. Сепак од пенал преку Олгица Јованова успева на 19 секунди до крај да поведе  Будимир со 5-6, нивниот противник шутна во последниот напад над пречка и ја испушти приликата за израмнување. Кај победникот: Јованова, Петрова и Михајловска имаа по два гола, кај поразените исто токлу имаа: Љадевиќ и Пачукова.