Вардарци ја продолжија победничката низа во ПМФЛ. Попладнево нашите играчи славеа лесна победа над екипата на Македонија ЃП со резултат 4:1 (1:0). Стрелци на головите на овој натпревар беа: Николов, Блажевски, Којашевиќ и Асани (Вардар) и Серафимовски (Ѓорче)
ВАРДАР: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 7. Љамчевски, 9. Блажевски, 10. Којашевиќ, 14. Велковски, 16. Глигоров, 20. Николов, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 89. Боарето. РЕЗЕРВИ: 28. Пачовски, 4. Мијушковиќ, 8. Спировски, 11. Асани, 32. Глишиќ, 87. Грозданоски, 97. Петковски.
МАКЕДОНИЈА ЃП: 1. Целески, 4. Цангаровски, 7. Чешмеџиев, 9. Костовски, 10. Здравковски, 11. Цветановски, 16. Серафимовски, 18. Хаџија, 21. Рамадан, 23. Аломеровиќ, 24. Стојкоски.
Први се заканија гостите во 4 минута од мечот преку Кристијан Стојкоски, но топката дојде до Гачевски кој ја прифати без проблеми. Во 11 минута Вардар ја имаше првака закана на мечот преку Балотели но Целески одбрани. Во 16 минута се закани и Којашевиќ со силен удар од 20-сетина метри, но неговиот силен удар отиде над голот на гостите. Потоа дојде и голот за Вардар во 21 минута од мечот. Николов Бобан со прецизен удар од 18-сетина метри го матираше голманот на гостите за 1:0. Во 32 минута одлична можност имаше Блажевски кој биеше малку од косо, но неговиот удар го одбрани Целески. Потоа во 35 минута Македонија ЃП имаше добра можност за гол, Цветаноски од контра напад шутираше, но за малку крај голот на Гачевски заврши овој негов удар. На полувреме се замина со резултат 1:0. Вардар имаше голем број на шанси, но остана само еден гол предност по првиот дел.
Во вториот дел во 46 минута во игра влезе Јасир Асани на местото на Балотели. Во 48 минута Николов шутираше од десетина метри откако мина неколку играчи, меѓутоа топката отиде само над голот. Во 55 минута во игра влезе Јашаровски во екипата на Македонија ЃП на местото на Дестан Хаџија. Гооол за Вардар, во 56 минута Блажевски со прецизен удар од 15 метри донесе двојна предност за Вардарци. Радоста на Вардарци не траеше долго, во 58 минута Грнчаров не расчисти еден напад, топката дојде до Серафимовски кој со глава погоди за намалување на 2:1. Во 65 минута во игра влезе и Спировски на местото на Николов Бобан. Потоа во 66 минута Јашаровски можеше да постигне уште еден погодок за неговиот тим. но неговиот одличен удар заврши за малку крај голот на Гачевски. Во 67 минута Асани одлично продре по страна, биеше, но неговиот удар го одбрани и исфрли во корнер голманот на госитте. Во 76 минута Вардар го постигна и третиот гол денеска. Блажевски одлично му ја спушти топката на Којашевиќ, кој биеше прецизно за веќе 3:1. Во 80 минута Вардар го постигна и четвртиот гол денеска преку Асани кој извонредно продре по страна и биеше прецизно за нов гол. Во 81 минута во игра влезе и Петковски на местото на Којашевиќ. Се до крајот на мечот Вардар рутинирано го доврши овој натпревар за нови три бода.