Викендов активни беа и пионерките на Жрк Вардар, кои одиграа натпревар против екипата на Жрк Чаир. Избраничките на Анжела Платон забележаа минимален пораз со резултат 14:13. На полувреме се замина со нерешен резултат. Големиот број на технички грешки беа главната причина за поразот. Најефикасна во нашите редови беше Бојана Диневска која постигна 4 гола.
-Пред се и поразот е дел од играта, ќе имаме и утакмици на кои ќе победуваме и утакмици кои ќе ги губиме. Одбраната ни беше одлична додека нападот малку послаб и резултатов се должи на нашите многубројни технички грешки и избрзани шутеви. Но сепак ова е само нашиот почеток, ова е наша прва година заедно и први натпревари. Ова ни е мотив да тренираме уште повеќе, и следната сезона да покажеме навистина што знаеме и колку можеме да дадеме од себе, изјави Ива Цветковска.
Во следното коло, противник требаше да биде екипата на Кичево, кои го откажале настапот на овој натпревар.
-Во денешниот натпревар ние влеговме со надеж дека ќе победиме, но некако не успеавме.Уште во првите секунди нашата одбрана беше слаба, па затоа нашите противници дојдоа до 2 гола позитива. Со неколку измени нашата одбрана стана посилна. И со 2 играча помалку ние успеавме да се одбраниме и да дојдеме на нерешен резултат по завршетокот на првото полувреме. Во второт полувреме имаше многу повреди и од двете страни. Ама сепак тоа не беше клучно за нашиот пораз. Туку големиот број од технички грешки го пресудија резултатот на овој натпревар.
Ова е нашиот почеток и ние вложуваме голем труд за во иднината да не ни се повторат вакви грешки и да победуваме во идните натпревари, изјави Валери Јакимовска за Вардарфанс
Звонко Ивановски