Утре на терените на Фудбалската Академија на Вардар, ќе се одиграат нови натпревари во рамките на Вардар Јуниор Лигата. Вардаровите екипи ќе играат со четири генерации составени од региналните единици. Овие селекции ќе бидат составени од по две дечиња од сите регионални единици.
Генерациите 2006 и 2007 година своите натпревари ќе ги играат со почеток во 10 часот, а генерациите 2004 и 2005 година ќе започнат во 11 часот.