Младинките на Жрк Вардар предводени од Благојче Весиќ забележаа нова убедлива победа во младинската лига. Тие ја преслушаа екипата на Преспа, совладувајќи ги високо со резултат 38:9. Во првиот дел им дозволија на гостинките да постигнат само четири гола, и покажаа дека разликата во квалитет е во голема мера на нивна страна.
Најефикасна беше Анастасија Петровиќ со 7 гола. Александра Вељаноска, Анастасија Николовска и Ивана Стојмановска додадоа по 5 гола.
-Немавме тешка задача против гостинките од Ресен, победникот го решивме уште од самиот почеток кога поведовме со 6:0. На полувреме имавме недостижно водство од 16:4, а при крајот разликата можеше да биде и 30 гола. Освен голманките сите се запишавме во листата на стрелците, и задоволство ми е што бев најефикасна и на тој начин ја оправдав довербата од тренерот. Се надевам дека ке продолжиме во ваков стил и понатаму, изјави Анастасија Петровиќ за Вардарфанс.
Звонко Ивановски