Денес во спортскиот центар “Кале“ се играат дел од мечевите од четврттото коло во ракометната Вардар Јуниор Лига. Веќе се одиграни два женски дуела кај генерацијата 2002/03 победник беше РК Кастратовиќ, а во другио женски дуел РК Виница однесе победа кај ганерација 2001/2003.
Во дуелот кај дамите родени 2002 и 2003 година РК Кастратовиќ беше поуспешна екипа од Општина Кисела Вода со 18-14. Први со гол мечот го отворија девојките на Кастатовиќ, кој потоа поведуваат со 0-4 најавувајќи дека денес ќе атакуваат на победа. Кастратовиќ поведува и со 1-5, по што се разбудија девојките од скопската населба К.Вода со серија 4-1 се доближуваат на 5-6 и се враќаат во мечот. Сепак до крајот на првиот дел девојките на Кастратовиќ успеваат да се одржат и да го однесат мечот на одмор со предност за нив од 8-10.
Вториот дел почнува со гол за Кастратовиќ и водство од 8-11, повторно Кисела Вода успева да се доближи на гол негатива, односно на 12-13. До крајот Кастратовиќ недава да биде изненаден игра поумешно прави серија 2-5 и однесува триумф со резултат 14-18. Кај победникот се истакнаа: Урбан и Пешиќ со по 5 гола, а кај поразениот тим Миленковска имаше дури 7 погодоци.
Во мечот кај дамите во генерација 2001/2002, екипата на РК Виница Вардар беше поуспешна од тимот на РК Будимир Вардар. Мечот со гол први го отворија девојките на Будимир поведувајќи 0-1. Потоа следуваше серија 3-0 и преземање на водството од Виница која поведе со 3-1. Будимир намали на 3-2, но повторно “доживеја“ серија 3-0 со која Виница со 6-2 поведе и го однесе мечот на пауза.
Второто полувреме во “Кале“ прв со гол го отвори Виница, која поведе со 7-2 . Оваа предност од плус пет ја одржуваше во текот на целиот втор дел, водеше со 8-3, па со 9-4 . Девојките од Виница мирно го завршија мечот победувајќи со резултат 13-7. Кај победничкиот тим Милчева имаше 4 гола, а по три имаа Вучкова, Стоименова и Митровска. Кај поразените Јованова имаше 4 погодока.