Младинците на РК Вардар Јуниор по неколку врзани порази успеа да стигнат до победа во својата група од младинската лига. Избраниците на Пепи Манасков за противник ја имаа екипата на Радовиш, која ја совладаа убедливо со реултат 32:19.
Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога резултатот беше 19:4. Добрата одбрана на нашиот состав беше пресудна за високата предност по првите 30 минути. Радовиш немаше одговор за нашата игра, постигнувавме голови од различни позиции, додека контра-нападите беа главното “оружје“ за Вардарци на овј меч. Во второто полувреме, тренерот Манасков им даде шанса за настап на сите ракометари кои му беа на располагање. Противникот во вториот дел одржуваше рамнотежа и не дозволи да замине со поголем пораз од Скопје.
Најефикасен во нашите редови беше Хаџидимовски кој постигна 7 гола.
ВАРДАР ЈУНИОР: Јорданов 4, Овнарски 1, Јаховиќ 2, Барлаковски 4, Блажевски, Благопетров, Чупетрески 1, Стојановски 1, Каимовски, Хаџидимовски 7, Давчев 2, Бојковски, Василевски 2, Кочаров 1, Симовски 3, Стојчевски 4.
Победа овој натпреварувачки викенд забележаа и пионерките на РК Вардар. Избраничките на Ристова и Пецевска продолжуваат со добрите игри оваа сезона. Во ова коло убедливо ја совладавме екипата на Преспа Нова со резултат 4:24. По првото полувреме имавме водство од 2:14. Самиот резултат говори за доминацијата на нашиот состав во текот на целиот натпревар. Ова беше вкупно четврта победа од исто толку одиграни мечеви за Вардаровите пионерки, со која се наоѓаат на првото место на табелата. До крајот на есеснкиот дел останува уште едно коло во кое ќе гостуваме на екипата на Лихнид.