Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не запира со победите, нова десетта последователна победа во сеха-лигата, совладан тимот на Металург
Вардар не запира со победите, нова десетта последователна победа во сеха-лигата, совладан тимот на Металург

Вардар не запира со победите, нова десетта последователна победа во сеха-лигата, совладан тимот на Металург

Нашиот ракометен шампион успеа да стигне до својата десетта последователна победа во сеха-лигата. Вечерва во спротскиот центар Јане Сандански избраниците на Раул Гонзалес беа подобри во дербито со градскиот ривал, екипата на Металург.

Противникот од Автокоманда прв го отвори резултатот, додека во наредните пет минути, Вардарци преку Дибиров успеваат за прв пат да поведат со 3:2. Следува серија на Металург од 0:3 по што следи тајмаут на Раул Гонзалес. Советите вродија со плод и набрзина, црвено-црните го враќаат водството и поведуваат со резултат 6:5. Мал број на погодоци следевме во овој период од мечот, во 18 минута резултатот беше израмнет на 8:8. Во наредните шест минути се игра гол за гол на двете страни, а екипите постојано се менуваа во водство. Металург за последен пат имаше водство од 11:12, но следи серија на Вардар од три последователни голови, за прв пат на мечот да имаме два гола предност 14:12. Имавме и предност од 15:13, но во последните две минути од првиот дел, гостите постигнуваат два гола и на одмор се заминува со нерешен резултат од 15:15.

Динамично започна и второто полувреме, каде во центарот на вниманието беше Дибиров кој постигна три гола во серија, за Вардар да ги врати оние највисоки два гола (18:16). Не успевавме никако да се одлепиме од противникот, секогаш кога ќе поведевме Металург се враќаше со мини серија од два погодоци и го израмнуваше резултатот. Така беше и во 45 минута, кога Обрадовиќ израмнува на 23:23. Милиќ не дозволува да биде совладан и со својаша шеста интервенција спречува ново израмнување на резултатот. Тоа го користиме преку Душебаев за да поведеме со 27:25 и тоа во моменти кога имавме играч помалку на теренот.Конечно Вардар успева да стигне до највисоки три голови, Милиќ повторно брани што ни овозможува полуконтра, а Фереира со својот петти гол носи водство од 28:25. Металург како да го загуби чекорот и силите да се надигруваат со Вардарци. Милиќ е можеби најзаслужен за тоа што се одлепивме резултатски, додека Марсениќ успева да зголеми на 30:26. До крајот го одржувавме ова водство и на крајот славевме со резултат 31:29.

Тимур Дибиров беше најефикасен со 7 голови, додека Фереира постигна 5. Ова беше десеета последователна победа за црвено-црните во сеха-лигата, со која се зацврстивме на првото место на табелата. Во сабота не очекува нов меч, овој пат во лигата на шампионите, каде на домашен терен сме домаќини на екипата на Металург.