Започна нова сезона во ракометната “Јуниор“ лига, а со тоа и нови возбудувања, натпревари и дружење. Пред нас е веќе второто коло на ова натпреварување. Интересот за “Јуниор“ лигата е се поголем, се вклучија и нови ракометни школи кои сакаат да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар. Приликата на младите да се дел од оваа “Јуниор лига“ им овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. Можноста да биде дел од оваа лига ја има Александра Миленковска која настапува за ракометната школа РК Опш. Кисела Вода-Вардар.
-Желбата за ракометот како спорт, кај мене се појави уште од најрана возраст, додека професионално започнав да се занимавам пред три години. Бев меѓу првите кои што почнаа да тренираат во ракометната школа на Кисела Вода-Вардар.
Континуирните натпревари во “Јуниор“ лигата им овозоможува на сите играчи да се стекнуваат со потребното искуство и да го покажат својот потенцијал и квалитет кој го поседуваат. Изминатиов викенд РК Опш.Кисела Вода одигра натпревар против РК Делчево, кој на крајот го загубија. Токму Александра Миленковска беше најдобар стрелец во својата екипа со 6 постигнати голови.
-Тренинзите се одвиваат под водство на тренерот Влатко Котески и секој тренинг е максимално исполнет благодарение на нашиот тренер кој е заслужен за секој наш успех. “Јуниор лигата“ како проект е многу успешен бидејќи ни овозможува нашиот талент да го покажеме на терен. Оваа сезона не ја почнавме најдобро и се наоѓаме на 4-то место на табелата.Во дуелот со РК Делчево победата припадна на противничката екипа. Моите 6 погодоци не беа доволни за победа и не сум многу задоволна од нашата игра затоа што можевме повеќе. “Јуниор лигата“ и натпреварите со другите екипи е можност да се докажеме како тим и нашата цел е секако првото место.
Желба на секој учесник во Јуниор“ лигата е преку овие натпревари да стигне до младинските екипи на РК Вардар.
-Мојата желба е да продолжам и понатаму да тренирам и еден ден да станам дел од младинските екипи на Рк Вардар.
Звонко Ивановски