Како фаворитки во овој дуел влегоа избраничките на Симе Симовски, тимот на Вардар СЦЈС. Треба да се напомене дека црвено-црните победија убедливо дури и со комбиниран тим. Стартувавме со девојки кои вообичаено се на клупата за резерви, тргнавме фуриозно со 6-0. За кратко отидовме и двоцифрена разлика, поведувајќи со 12-2. На одмор се замина со високи “петнаесет плус“ , на семафорот во малата сала при Спорскиот центар “Јане Сандански“ стоеше 21-6.
Вториот дел беше само формалност, ја дуплиравме предноста и триумфиравме со “триесет плус“ 43-13. Интересен факт е дека сите црвено-црни девојки се запишаа во листата стрелци, се разбира не се вбројуваат голманките кои беа одлични. Зад своето име 12 одбрани впиша Љупка Белмезова, а седум интервенции имаше Драгана Петковска. Следен меч за нашите девојки е на 17 декември, кога играме против Гевгелија.
Вардар СЦЈС: Петковска 7 одбрани, Белмезова 12 одбрани, Стојановска 1, К. Георгиевска 5, С.Николовска 1, Митова 3, Бојаџиска 5, Тодоровска 2, Нолевска 4, Гичевска 6, Станикевска 6, Керамитчиева 1, М. Георгиевска 1, Мишевска 1, Божиновска 2, А.Николовска 5.