Со одигрување на четирите реванш средби во средата во 1/4-финалната фаза од Купот на Република Македонија ова најмасовно натпреварување го доби “квартетот“ кој ќе се бори за круната во истото. Тука е најуспешниот клуб во ова натпреварување, нашиот шампион ФК Вардар, бранителот на трофејот Шкендија и тимовите на Пелистер и Брегалница.
Сите четири тима денеска во 13-00 часот ќе бидат дел од ждрепката за полуфиналето во ова најмасовно фудбалско натпреварување во земјава. Три екипи меѓу кој и нашиот тим имаат трофеи во Купот освен штипјани, ние имаме титула последен пат пред една деценија , сонуваме за купот од 2007 година до денес. Двојна круна последен пат имаме далечната 1995 година кога последен пат ги обединивме двете фудбалски титули. Двата најбогати црвено-црни тима нашиот и тетовскиот посакуваат да се избегнат во 1/2 финалето иако судејќи по “ждребувачката праска“ на ФФМ секогаш се сретнуваат пред финалето, се надеваме дека денес ќе не деманитира ждрепката..