Ракометниот клуб Вардар денес игра со словенски Целје во дуел од ракометната регионална СЕХА Гаспром лига. Ние сме домаќини на словенците во спорскиот центар “Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 30 минути. Билетите за овој меч се по екстра цена од само 50 денари. За сите кои нема да се одлучат мечот да го следат во салата можат истиот да го гледаат на малите екрани на Македонската радио и телевизија, која ќе врши директен пренос на првиот програмски канал. Тренерот Гозалес за овој дуел рече дека нема со сигурност да игра Кањелјас и Абутовиќ бидејќи се повредени, а сигурно ќе добие шанса Даниел Ѓорѓевски, како втор голман.
Сите кои што сакаат да го следат натпреварот против екипата на РК Целје во живо можат да купат билет на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во периодот од 10 часот до почетокот на дуелот, или пак онлајн на www.ticketplus.mk. Цената на билетот е 50 денари.Повеќе информации може да се добијат и на:
Е-маил: info@ticketplus.mk или тел: + 389 2 401 980
Напомена: Сите што имаат купено сезонски билети за РК Вардар или пак Вардар ПАС можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на сезонската картичка