Денес во две сали во Скопје се одигрува дел од 6.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во малата сала во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје се одиграа еден дуел во машка и еден во женска конкуренција кај генерацијата родени 2000 и 2001 година. Од двата меча ви носиме извештаии.
Во машкиот дуел во оваа генерација ГРК Гостивар Вардар однесе победа во еден одличен меч кој беше постојано неизвесен над РК Урдаревски Вардар со резултат 15-14. Први со два гола мечот го отворија гостиварчани кои поведоа со 0-2. Следеше период во кој се играше гол за гол и двата тима постигнаа по три гола за резултат 3-5 на семафорот во “Јане Сандански“ во корис на гостиварчани. Со серија 1-3 Гостивар во финишот се одлепи на плус четири, 4-8. На одмор се отиде со резултат 5-8.
Во вториот дел мечот со погодок го отворија Урдаревски, кој потоа прави серија 3-0 и изедначува на 8-8 правајќи го дуелот многу интересен. Гостивар се обидува да се одлепи и успева на 8-10. сепак момците од Скопје изедначуваат за кратко на 11-11. Во последните 65 секунди се влезе со егал, 13-13 имаше долг напад Гостивар кој неможеше да го реализира, беше под пасивен. Сепак после одличен пас до пикер изнуди пенал и погоди за 13-14. Овој гол беше доволен за победа на момците од ГРК Гостивар Вардар. Кај победникот најефикасни: Маркоски со 5 и Столески со 4 гола. Кај скопјани 5 гола постигна Јовчевски.
Во женскиот дуел екипата на Вардар Виница однесе победа над РК Кузман Вардар со резултат 15-11. Први со погодок мечот отворија девојките предводени од Александра Кузмановска кои поведоа 0-1. Со два последователни гола виничанските ракометарки го преземаа водството и поведоа со 2-1. Следуваше игра гол за гол на двете страни разликата остануваше, по три гола постигнаа двата тима за резултат 5-4. во финишот девојките од РК Кузман изедначија на 5-5. Сепак Виница подобро го одигра финишот и отиде на одмор со 7-5.
Први со гол вториот дел го отворија Виница која поведе со 8-5. Вториот дел постојано се играше гол за гол и постојано Виница имаше “три плус“ влегувајќи во последната минута со предност 14-11. До крајот тие постигнаа гол за победа со 15-11. Кај победниците најистакната беше Митковска со 6 гола, а Вучкова постигна 4 погодоци. Кај поразените Наскоска имаше 3 гола.