Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер прогласена за најдобар играч во “драматичната“ победа на Франција против Шпанија во новоформираните групи на ЕП
Лакрабер прогласена за најдобар играч во “драматичната“ победа на Франција против Шпанија во новоформираните групи на ЕП

Лакрабер прогласена за најдобар играч во “драматичната“ победа на Франција против Шпанија во новоформираните групи на ЕП

Вчера продолжија натпреварите на европското првенство во Шведска, во новоформираните групи 1 и 2. Тука ќе ги гледаме Лакрабер, Лејно и Херем, единствените ракометарки на Вардар кои ја продолжуваат борбата за еден од медалите на ова ЕП.

Во еден интересен и неизвесен натпревар, Франција успеа да слави во мечот против селекцијата на Шпанија. Првите десет минути поминаа во израмнета игра, за да следи период каде Франција започнува да се одлепува резултатски. До крајот на првото полувреме постојано беа во предност, која достигна највисоки пет голови разлика. По првото полувреме, “фуријата“ беше во предност со резултат 14:10.

vardarfans-lejno

Во вториот дел како течеше играта, Франција полека но сигурно го топеше водството на Шпанија, за во еден монент да стигне и до израмнување. Шпанија протипушти голема шанса за победа, бидејќи на 30 секунди пред крај имаа водство од 22:21. Најпрво дозволија на Франција да го израмни резултатот преку Пино, а истиов играч речиси во последната секунда да го погоди празниот гол на Шпанија. Селекторот на Шпанија се обиде со играч поеќе и без голман да ја пробие одбраната на “триколорите“, потег кој на крај скапо го чинеше. Конечниот резултат гласеше 22:23 за Франција.

Пино беше најефикасна со 9 погодоци, додека Лакрабер додаде 6. Инаку ракометарката на Вардар, Лакрабер беше прогласена и за најдобар играч на натпреварот.

euro_2016-esp_fra-photo-uros_hocevar20161210_15_270347_584c7dacd