Вардарци во саботата забележаа нова, вкупно единаесетта победа во СЕХА-лигата. Втор пат сезона во истово натпреварување беше совладан шампионот на Словенија, екипата на Целје Пивоварна Лашко. Резултатот на крајот гласеше 33:31 во корист на црвено-црните. Карачиќ беше најефикасен со 6 голови, додека Фереира и Марсениќ постигнаа по 4.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар: