Пред нас е есенскиот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерите на ФК Вардар завршија на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад лидерскиот тим на Шкупи. Црвено-црните на три кола пред крајот имаа пет бода предност, но поразите од Шкендија и токму од Шкупи ги чинеа губење на првото место на табелата. Избраниците на Сашот Тодоровски забележаа осум победи, еден нерешен резултат и два порази. Да потсетиме дека оваа генерација на Вардар ја рани двојната титула освоена од минатата сезона. Исто така успеавме да се пласираме во полуфиналето на купот, каде од пролет ќе биеме битка за уште една титула. Еден од главните играчи во средниот ред на Вардарци, кој е стандареден во составот на Рап-Тап е Виктор Пешевски кој за нашиот сајт ги споделува впечатоците од остварените резултати по завршување на есенскиот дел од сезоната.
-Ние како екипа одигравме една добра полусезона, но во последните два натпревари кои ги загубивме имавме мал пад во играта и тоа се одрази на резултатот и предноста од еден бод на табелата за екипата на Шкупи, која е наш најголем конкурент за трофејот. Останатите мечеви ги добивавме во наша корист, со исклучок на “несреќениот“ нерешен резултат против Брегалница, кога не искористивме удар од белата точка и уште неколку добри шанси за гол. Секако заминувањето на еден од нашите најдобри играчи и стрелци Марко Ѓорѓиевски, се одрази на нашата игра, бидеќи тој беше еден од носителите на играта. Сепак мораме да продолжиме и гледаме напред, Вардар располага со квалитетни играчи кои можат професионално да одговорат на поставените задачи од тренерот Тодоровски.
Не очекува интересен пролетен дел во кој Вардар и Шкупи ќе се борат за титулата во лигата. Истиве екипи и последниве две сезони беа најголеми претеденти за освојување на првото место во оваа генерација.
-Ако игравме како што игравме минатата сезона мислам дека нема да имаме поголеми потешкотии да го повториме минатогодишниот успех. Сеуште се сметаме за фаворити за освојување на трофејот. Јас секако сум задоволен од мојата игра,а секако и од играта на мојата екипа. Сепак мора да се потрудиме повеќе за да го повториме минатогодишниот успех кога ја освоивме двојната круна, изјави Виктор Пешевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски