Ракометарите на Вардар беа пријатно изненадени на денешниот тренинг, откако на посета им дојдоа второоделенците од О.У. Кочо Рацин. Тие имаа можност да се дружат, сликаат и да земат автограми од своите идоли. Играчите беа среќни поради нивното присуство и ги искористија моментите да се забавуваат со дечињата.
Инаку ова беше последен тренинг за Вардарци, пред утрешното заминување за Белорусија, каде во сабота го играат послениот натпревар за оваа година во СЕХА-лигата. Противник ќе ни биде екипата на Брест Мешков.