Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Осмата сила од последното ЕП, репрезентацијата на Шведска ќе биде противник на Македонија во баражот за пласман на СП во 2017 година
Осмата сила од последното ЕП, репрезентацијата на Шведска ќе биде противник на Македонија во баражот за пласман на СП во 2017 година

Осмата сила од последното ЕП, репрезентацијата на Шведска ќе биде противник на Македонија во баражот за пласман на СП во 2017 година

Женската ракометна репрезентација на Македонија доби тешка задача во бараж натпреаварот за пласман на светското првенство кое во 2017 година ќе се игра во Германија. Избраничките на Симе Симовски ја добија осмата сила од последното европско првенство кое својот крај го имаше во текот на вчерашниот ден, на кој домаќин беше селекцијата на Шведска. Токму оваа репрезентација ќе биде наш противник во баражот за пласман на СП.

Првиот натпревар против Шведска треба да се одигра во Македонија во периодот од 9-11 јуни, а реваншот на гости е од 13-15 јуни. Оваа репрезентација покажа одлични игри на ЕП, а нивен предводник е Изабел Гулден. Да потсетиме дека Македонија преку квалификациски турнир се избори за овој бараж натпревар. На тој турнир ги победивме Фарски Острови и Исланд, додека бевме поразени од селекцијата на Австрија.