Заврши европското првенство кое изминатиов период се играше во Шведска, по што е познат редоследот на пласман на репрезентациите. Златото и првото место им припадна на Норвешка, второто место е за Холандија. Бронзени се селекцијата на Франција, додека на четвртото место заврши Данска.
Ова е пласманот на сите селекции кои се натпреваруваа на ова ЕП:
1. Норвешка
2. Холандија
3. Франција
4. Данска
5. Романија
6. Германија
7. Русија
8. Шведска
9. Србија
10. Чешка
11. Шпанија
12. Унгарија
13. Црна Гора
14. Словенија
15. Полска
16. Хрватска
Што се однесува до ракометарките кои доаѓаат од ракометниот клуб Вардар, нив ги имаше вкупно осум на ЕП во Шведска. Најголем успех направи Камила Херем која со Норвешка стигна до златниот медал. Покрај тоа Херем се најде во ол-стар тимот како најдобро лево крило. Лакрабер и Лејно со Франција завршија на третото место. Двете беа одлични во настапите за својата репрезентација. Лејно повторно беше на своето препознатливо ниво и е една од најзаслужните за бронзениот медал на Франција. Популарната “Дуду“ според статистичките податоци заврши на третото место на најдобри голмани, со вкупно 41 одбрана. Кон нејзиниот гол биле упатани 102 удари и има 40 % на одбранети удари. Лакрабер покажа дека ќе претставува големо засилување за Вардар во борбата да се освои првата европска титула. Десниот бек на Вардар и Франција го заврши ЕП како деветти најдобар стрелец со вкупно 31 постигнат гол. Таа имаше 53 упатени удари кон противничките голови со 53 % на реализација.
Останатите девојки кои доаѓаат од Вардар, своите настапи ги завршија уште во првата групна фаза. Пенезиќ и Човиќ со Хрватска на крајот завршија на последното 16-место, додека Словенија на Лазовиќ и Мавсар се пласираше на 14 место. Пенезиќ и Мавсар беа најдобри стрелци во своите селекции со по 20 постигнати голови.