Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Брајан Петкоски: “Јуниор“ лигата е проект кој е фокусиран на младите ракометари и ни дава поголема можност за напредок и успех во ракометот
Брајан Петкоски: “Јуниор“ лигата е проект кој е фокусиран на младите ракометари и ни дава поголема можност за напредок и успех во ракометот

Брајан Петкоски: “Јуниор“ лигата е проект кој е фокусиран на младите ракометари и ни дава поголема можност за напредок и успех во ракометот

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Во следниов текст ве запознаваме со Брајан Петкоски кој настапува за ракометната школа РК Филип-Вардар генерација 2000/01, на позицијата голман

1. Кога започнавте да играте ракомет, зошто баш голман и која беше вашата инспирација да го одберете токму ракометот ?

-Пред да почнам да тренирам ракомет имам тренирано фудбал и кошарка значи со спорт се занимавам околу 10 години а конкретно со ракомет нешто повеќе од 3 години и мислам дека во овој спорт комплетно се пронајдов на позицијата голман. Желбата за овој спорт ми се појави набргу по освојувањето на петтто место на македонската ракометна репрезентација на европското првенство. Првите почетоци ми се на 13 години кога конечно се одлучив да започнам да тренирам и да станам голман најмногу импресиониран од предизвикот кој го носат голманите и клучни одбрани кој го променуваат текот на настаните.

2. Дел сте на една од најдобрите ракометни школи во “Јуниор“ лигата. Како е да се биде дел од РК Филип-Вардар и колку добро функционира школата каде настапувате ?

-Ова е моја прва година во РК Филип-Вардар и сум презадоволен од начинот на работ во клубот. Имаме 3-4 тренинзи неделно по час и половина а некогаш и по 2 часа. Тренерите ни посветуваат огромно внимание и работат како со секое дете посебно така и на зацврстување на колективот. Секогаш се тука за да ни посочат на грешките. Покрај тоа што ни пренесуваат огромно ракометно знаење се грижат и за нашиот начин на живот и здравје.

vardarfans-tekst

3. Имате можност да се натпреварувате во “Јуниор“ лигата. Кое е вашето мислење за овој проект на РК Вардар. Колку добро функционира лигата и дали сметате дека нешто недостасува ?

-Ова е моја прва година во “Вардар Јуниор Лигата“ и сум пријатно изненаден од организацијата на ова натпреварување. Мислам дека токму овој проект кој е фокусиран на нас младите ни дава поголеми можности за напредок и понатамошен успех во ракометот. Исто така мислам дека овој проект помага за откривање на повеќе млади таленти. Лигата е на доста високо ниво и мислам дека нема ништо што посебни би се издвоило за да се поправи. Покрај искуството кое го стекнуваме имаме и прилика да се запознаеме и дружиме со наши врсници од други градови со кои не спојува токму љубовта кон ракометот.

4. Што е највпечатливо од настапите во “Јуниор“ лигата ?

-За мене највпечатливо е тоа што на крајот од сезоната преку селекцијата која ја врши РК Вардар секое дете добива шанса да го покаже своето ракометно знање и добива подобри услови за негов напредок и можност за продолжување во младинските екпи на РК Вардар.

vardarfans-junior-liga

5. Веќе се одиграа шест кола во ова натпреварување. Какви се остварените резултатите на вашата екипа ?

-После 6 одиграни кола нашата екипа го завзема првото место во лигата со 5 победи и 1 пораз. На сите натпревари игравме на доста високо ниво но секако дека секогаш може подобро. Се надевам дека во вториот дел на сезоната ќе продолжиме со исто темпо и ќе ги поправиме грешките од овај дел на сезоната. Сметам дека причината за овие добри резултати покрај напорната работа и вложениот труд е и хемијата и подршката што си ја даваме меѓусебно во тимот. Се надевам дека на крајот од сезоната сеуѓте ќе бидеме на врвот и дека ќе ја освоиме Вардар Јуниор Лигата.

6. Дали имате зацртано цел за во иднина, може ли преку “Јуниор лигата“ еден ден да бидете дел од малдинските екипи на РК Вардар ?

-Мислам дека не постои млад ракометар кој не сака да биде дел од младите категории на РК Вардар. Така и јас како и секој кој е дел од школите на РК Вардар се труди тоа да го оствари. Но за тоа да го постигнеме треба напорно да се работи и да се докажуваме на секој тренинг и натпревар, а шансите ни се зголемуваат благодарејќи на овој проект на РК Вардар.

Звонко Ивановски