По минатата етапа на подготовките која се одвиваше од 20-ти до 30-ти во Маврово, македонската ракометна машка сениорска селекција денес се собира во Скопје. Од 30-ти минатиот месец до денес имаа момците краток одмор кој селекторот им го овозможи пред понатамошните напори. Кормиларот на црвено-жолтите, Лино Червар за денешниот собир објави нов скратен список на кој има 21 ракометар. На тој список фигурираат двајца играчи на ракометниот клуб Вардар.
Станува збор за капитенот на првиот тим Вардар, Стојанче Стоилов и младиот ракометар на РК Вардар Јуниор Мартин Поповски. Од комбинација при ова кратење испаднаа двајца играчи на Вардар јуниор, станува збор за братот на Дејан Манасков младиот Мартин Манасков и голманот Даниел Ѓорѓиевски. Македонија денес ќе има тренинг, апак од утре во наредните три дена нагости ни доаѓа селекцијата на Босна и Херцеговина со која ќе играме контролки во Скопје. Овие 21 ракометар конкурираат за “виза“ за Светското Првенство во Франција, истото започнува на 11 јануари. Селекцијата предводена од Лино Червар ќе биде во групата-Б. Во неа ќе играме мечеви против против Тунис , Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.