Останаа уште неколку денови до стартот на светското ракометно првенство, кое од 11-23-ти јануари ќе се игра во Франција. Двајца ракометари од Вардар, Карачиќ и Циндриќ се подготвуваат со репрезентацијата на Хрватска за претстојниот мундијал. За таа цел Хрватска наредниве денови ќе одигра турнир “HEP Croatia cup“ на кој покрај нив ќе учествуваат и селекциите на Црна Гора и Тунис. Свој прв натпревар на турнирот Хрватска ќе го одигра во недела, против Тунис. Утре програмата ќе ја отварат селекциите на Црна Гора и Тунис, додека на 9-ти јануари “коцкестите“ последниот тес пред стартот на СП ќе го имаат против Црна Гора. По одигрување на овие натпревари, селекторот Жељко Бабиќ треба да го објави конечниот список на ракометари со кои ќе настапи на СП.
Денес пак свои подготвителни натпревари ќе имаат Дибиров, Шишкарев и Деревен (Русија) која за противник ќе ја има репрезентцијата на Белорусија, која исто така ќе се натпреварува во Франција. Уште двајца Вардарови ракометари ќе бидат активни денес, тоа се Кањелас и Душебаев кои го започнуваат турнирот пред својата публика каде ќе бидат дел од силен турнир, на кој ќе учествуваат Полска, Аргентина и Катар. Денес “фуријата“ ќе одигра меч со Полска, веќе следниот ден за противник ќе ја има Аргентина, додека на 8-ми силите ќе ги одмери со селекцијата на Катар. Настап ќе има и Рожерио Мораес Фереира кој со Бразил ќе биде спаринг “партнер’ на селекцијата на Романија.