Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јован Танев: Во пролетниот дел имаме реални шанси да бидеме први на крајот од сезоната
Јован Танев: Во пролетниот дел имаме реални шанси да бидеме први на крајот од сезоната

Јован Танев: Во пролетниот дел имаме реални шанси да бидеме први на крајот од сезоната

Јован Танев настапува за пионерите на ракометниот клуб Вардар. Во овој клуб пристигнува минатата сезона од ракометната школа, Бутел-Вардар. Настапува на позицијата среден бек и има забележителна улога во добрите резултати на екипата. Во следново интервју ќе ве запознаеме токму со Јован Танев.

-Прв тренер ми  беше Тале Танев и започнав на 8 години во ракометната школа-Бутел. Во дресот на Вардар сум 2 години, каде одлично бев прифатен од моите соиграчи. 

Во есенскиот дел од сеозната Вардаровите пионери се наоѓаат на второто место на табелата. Беа забележани шест победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

-Завршивме на второто место, имавме два натпревари во кои не го дадовме максимумот и поради тоа не сме на првото место. Изигравме нерешено со екипата на Аеродром, не ја изигравме нашата игра се опуштивме. Со Металург добро го започнавме натпреварот, но не успеавме да го задржиме резултатот. 

Оваа генерација има можност да работи со Андријана Будимир, која “тежи“ две европски титули како играч.

-Добро е што имаме тренер како Андријана, нејзиното искуството ни е многу важно. Тренинзите се напорни, но јас и моите соиграчи се трудиме максимално да ги одработиме. Евидентен е мојот напредок со пристигнувањето во овој клуб. Името Вардар ме асоцира на најдобриот клуб во Македонија и еден од најдобрите во европа. 

vardarfans-tekst

Пионерите во месец декември беа дел од силен меѓународен турнир во “Брчко“ на кој го освоија деветтото место. Само поради еден гол не успеавме да се пласираме во четвртфиналето. Очекувањата за пролетниот дел од сезоната се дека Вардар може да биде прв во лигата.

-Не сум задоволен со пласманот во Брчко бидејќи можевме многу подобро, имавме еден лош натпревар кој го изигравме нерешено и поради тој не продолживме понатаму. Во пролетниот дел мислам дека имаме реални шанси да бидеме први на крајот од сезоната. И ова ни е шанса да си ја поправиме грешката на натпреварот со Металург.

Целта е да се поминат сите младински екипи на Вардар и еден ден да игра за првиот тим.

-Имам цел да настапувам за првиот тим на Вардар и да бидам репрезентативец на Македонија, идол ми е Никола Карабатиќ и еден ден сакам да бидам како него и подобар.

Звонко Ивановски