Вкупно 19 ракометари отпатуваа за Мец – Франција, вчера следеше последно “кратење“ по кое нашите вардарци добија довербата на стручниот штаб да се најдат помеѓу 16 играчи кои ќе го носат “црвено-жолтиот” дрес. “Скратени“ од списокот на овој меч се следниte тројца играчи: Никола Митревски (гомна), Жарко Пешевски (пикер) и Ристо Арнаудовски (бек). Капитенот на Вардар Стоилов е многу искусен, за нашиот играч ова е дури четврто СП, своето деби го имаше во 2009 година. За младиот Мартин Поповски ова е дебитантски настап за А-селекција на Македонија.
Македонската репрезентација игра во група со селекциите на: Тунис, Ангола, Шпанија, Словенија и Исланд. Денешниот дуел започнува со почеток во 17-45 часот, и од истиот може да се проследи директен пренос на Македонската радио телевизија на нејзиниот прв програмски канал.