Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Започна турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, стартни победи за РК Урдаревски и Гостивар кај генер. 2000/01
Започна турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, стартни победи за РК Урдаревски и Гостивар кај генер. 2000/01

Започна турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, стартни победи за РК Урдаревски и Гостивар кај генер. 2000/01

Денес стартуваше третото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“. Претстојниве два како и наредните два викенди во вкупно четири сали ќе се играат натпревари од младинскиот ракометен турнир кој е во целосна организација на нашиот клуб.

На воведните натпревари од групата А во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа два натпревари, кај генерација родени 2000/01 година. Натпреварите се играа во две полувремиња, во времетраење од по 15 минути. Победи издвојуваа екипите на РК Урдаревски и РК Гостивар.

На првиот воведен меч во оваа сала се сретнаа екипите на РК Шампион и РК Урдаревски. Тука победата им припадна на РК Урдаревски. Во првите пет минути од мечот резултатот беше 1:2, по што до крајот на првото полувреме следеше серија на Урдаревски од 0:6 за солидна предност од 1:7 по завршување на првото полувреме. Вториот дел со гол го отвори Шампион за намалување на водството. Во следните пет минути, РК Урдаревски постигнува повеќе голови и зголемува на 3:10. Следи една мала криза во нивните редови, што му овозоможува на Шампион да ја намали негативата на 6:10. Сепак за да нема неизвесност се погрижува тимот на Урдаревски кој постигнува три пследователни голови и зголемува на 6:13. Финишот беше само формалност, Урдаревски стигна до првата победа на овој турнир. Конечниот резултат гласеше 8:15. Кај победничкиот тим беше најефикасен Дарко Бадаревски со 4 погодоци, по 3 постигнаа Стефан Стевковски и Оливер Јовчевски.

Во истава група натпревар од првото коло одиграа екипите на Гостивар и Војнисон, а убедлив беше тимот на Гостивар. Во почетноот испитување на силите беше 1:1, по што следи серија на Гостивар од 5:0 за преземање на предноста од 6:1. До крајот на првото полувреме, Гостивар го зголемуваше водството, за по истекот на првите 15 минути, резултатот на семафорот да гласи 11:4. Продолжи серијата на Гостивар и во второто полувреме, кога направија двоцифрена предност и поведоа со 14:4. Тие беа далеку подобра екипа на теренот, а противникот немаше одговор за нивната игра. Гостивар не застана и продолжи да го полни голот на Војнисон, за на крај да забележи и висока победа, изразена со резултат 25:10. Благоја Илијески беше стрелец на 7 погодоци. Бојан Маркоски и Бојан Давидоски постигнаа по 4.