Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шишкарев најефикасен во составот на Русија, која загуби убедливо од Франција, еден гол за Мораес Фереира во поразот на Бразил од Норвешка

Шишкарев најефикасен во составот на Русија, која загуби убедливо од Франција, еден гол за Мораес Фереира во поразот на Бразил од Норвешка

Русија без шанси против разиграната репрезентација на Франција која стигна до својата четврта последователна победа на СП. Во текот на целиот меч, “триколорите“ имаа водство кое ниту во еден момент не беше загрозено. Русија пружаше отпор во провото полувреме и до 24 минута имаа негатива која се движеше од 2-3 голови разлика. Сепак на полувреме, Франција успева да има водство од пет голови разлика (16:11). Омејер и Жерард имаа шест одбрани во првото полувреме, само една повеќе од Богданов и Кирејев на спротивната страна. Дополнителен проблем во вториот дел за Русија беше повредата на Павел Атман, кои и така не можеа да парираат на брзото темпо на игра кое го наметна Франција. На седум минути пред крај стигнаа и до двоцифрена предност, за на крајот да слават убедлив триумф од 35:24. Во составот на Русија, Данил Шишкарев беше најефикасен со шест погодоци, додека Дибиров не успеа да се запише во листата на стрелци. Со оваа победа, Франција го потврди првото место во групата,  Норвешка ќе биде второпласирана, додека Русија и Бразил ќе се борат за третата позиција.

Во истава група селекцијата на Норвешка убедливо го порази Бразил и со тоа го потврди второто место на табелата. Интересно е што во 22 минута резултатот беше израмнет на 13:13 а во последните осум минути, Норвшека успева да постигне пет последователни голови, за разлика од Бразил кој не ја погоди нивната мрежа, за на полувреме да се замине со водство од 18:13. Во второто полувреме следиме целосен распад во  играта на Бразил, наспроти Норвешка која играше се подобро и го зголемуваше водството. На крајот победат испадна убедлива со конечен резултат од 39:26. Во составот на Бразил за овој натпревар беше и пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира кој го заврши мечот со еден постигнат гол.